Наставничка. Тоа е збор, именка, авторитет. Тоа е личност. Личност што има професија да ги воведе и задлабочи децата во светот на науката, јазикот, писменоста... Да им помогне, да им покаже, да ги научи сами да го изработат клучот за можеби, непознатата цврста железна врата која се отвара со посебен, реток клуч - клуч на знаење. Не успева секој да го изработи клучот. Не успева секој да го премине прагот на вратата и да отиде од другата страна, другата волшебна, прекрасно непозната страна, затоа што клучот кој го изрaботил не е квалитетен и се скршил во клучалката на вратата, или пак, не била точна неговата форма и големина зашто нешто му фали. За да не сме разочарани кога ќе стигнеме до вратата да не можеме да ја отклучиме треба навреме уште од мали со нашите наставници да ги проучуваме патот до вратата и изработката на клучот. Има наставници кои даваат сѐ од себе за да успеат нивните ученици да ги поминат сите предизвици и да го преминат безгрижно и спокојно, гордо и со самодоверба со сето знаење што го поседуваат, прагот на таа цврста врата која од својата друга страна крие еден нов свет за секој кој успеал да го изработи клучот.
Музика во срцето
Monday, February 10, 2020
Светот на музиката е простран, бесконечен. Таа може да те раположи, развесели, понекогаш знае да те натера да пуштиш солза, а многу често знае да те предизвика да заиграш со неа. Музиката ги исполнува нашите срца со најразлични чувства.Ја има во секаков вид. Класична, народна, поп - музика, хип хоп - музика, џез, рок итн. Сите имаме различен вкус за музика. Понекогаш сме расположени и слушаме забавна музика, кога сме поспани сакаме да слушаме нежна музика, некои кога учат слушаат класична музика за подобра концентрација. Секој треба да ја пронајде музиката која го исполнува. Музиката никогаш не може да ни наштети.
Subscribe to:
Posts (Atom)
НАСТАВНИЧКА
Наставничка. Тоа е збор, именка, авторитет. Тоа е личност. Личност што има професија да ги воведе и задлабочи децата во светот на науката, ...
-
Наставничка. Тоа е збор, именка, авторитет. Тоа е личност. Личност што има професија да ги воведе и задлабочи децата во светот на науката, ...
-
Светот на музиката е простран, бесконечен. Таа може да те раположи, развесели, понекогаш знае да те натера да пуштиш солза, а многу често з...